Полицијата пукала во воздух, откако не застанал на дадениот знак и повредил полицаец

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера на патниот правец Прилеп - Градско околу 00.30 часот  патничко моторно возило „фолксваген голф 5“ не застанало на претходно издадени наредби од полициски службеници за сопирање на возилото и при тоа удрило еден од полициските службеници.

- Од страна на полициските службеници биле испукани куршуми, но возилото не застанало и го напуштило местото, информираат од полицијата. 

Подоцна возилото е пронајдено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.