Полицијата пронашла повеќе пакувања со хероин, марихуана и кеш - уапсен дилер од Битола

Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(32) од Битола.

Од МВР информираат дека при претрес во домот и помошните простории кои ги користи, извршен со наредба од Основен суд Битола, пронајдени и одземени биле повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, марихуана и банкноти во различни апоени.

„Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава“, посочија од МВР.