
Вчера во 12:10 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории кај Ш.М.(33) од Гостивар, при што биле пронајдени марихуана и две цутки, информираа од МВР.
Оттаму посочија дека при преземањето на мерките и активностите, Ш.М. не бил затекнат во домот.
„Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, наведуваат од МВР.