Полицијата пронашла дрога кај петмина скопјани

Петмина скопјани во текот на вчерашниот ден биле фатени со дрога.

-Синоќа во 03.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Средно Водно,го лишиле од слобода И.Џ.(27) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, велат од полицијата.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Фатен со марихуана бил и малолетник.

-Вчера во 23.30 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Владимир Полежановски“ бил приведен 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, велат од полиција.

 По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Двајца скопјани биле фатени со марихуана на улицата „11 Октомври“.

-Вчера во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„11 Октомври“ ги лишиле од слобода Б.И.(26) и И.Б.(27), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, две дробилки и ризли, велат од МВР.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МВР во денешниот билтен бележи и 44-годишен скопјанец, кај кого исто така била пронајдена марихуана.

-Вчера во 09.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Лазар Личеновски“ го лишиле од слобода З.И.(44) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, појаснуваат од МВР.

 По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.