Полицијата приведе советник на градоначалникот на Шутка – барал мито за легализација на куќа

Полицијата го приведе советникот на градоначалникот на општина Шуто Оризари, С. М., дознава „Макфакс“.

Од МВР сè уште нема потврда за настанот.

Неофицијално, осомничениот од лице барал мито за легализација на куќа, а фатен е со обележани банкноти.

Осомничениот, како што дознава „Макфакс“, е во полициска станица.