Полицијата приведе сопственик на угостителски објект од Скопје

Министерството за внатрешни работи утрово информираше дека вчера полициски службеници од ЕВР, ОКР Гази Баба, Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат во 21,20 часот извршиле контрола во чајџилница во с.Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости.

Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од с.Арачиново и тој е приведен во ПО Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ. Објектот е затворен од инспектори на ДПИ, информираат од полицијата.