
Полицијата приведе 16-годишен малолетник од Скопје, осомничен за напад и грабеж врз друг малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштуваат од МВР, на 25.04.2026 во 18:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода малолетникот во парк на подрачјето на Центар, постапувајќи по претходна пријава.
Според пријавеното од З.К. (48) од Скопје, на 24.04.2026 околу 18:00 часот, на спортско игралиште во Центар, осомничениот заедно со уште неколку малолетници му ја одзеле ташната на неговиот малолетен син, му го оштетиле мобилниот телефон, а потоа физички го нападнале него и негов другар.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.