Полицијата приведе малолетник, искршил стакло на книжарница и украл пари од неа

Денеска во 09.55 часот во Градскиот трговски центар полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека на 28.05.2023 во книжарница на подрачјето на Центар, со употреба на сила го скршил стаклото, влегол внатре и одзел пари.
Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат за малолетници. Известен бил Јавен обвинител, а по извршениот разговор малолетникот бил предаден на неговиот татко, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.