Полицијата приведе лица кои ограбувале банкомати

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во координација со ОВР Кичево и ЕВР Ѓорче Петров, по претходно обезбедена судска наредба, на подрачјето на општина Сарај, во с. Долно Свиларе извршени се повеќе претреси, при што се пронајдени муниција и пшредмети поврзани со извршени кривични дела.

Приведени се Р.Р. (33), Г.К. (36), М.Ф. (27) и Е.М. (32) поради основно сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ на банкомати на банка во Кичево, како и нелегално оседување оружје и распрскувачки материјали.

Лицата со соодветна кривична пријава се предадени на ОЈО Кичево за натамошна постапка, информираат од МВР.