Полицијата приведе четири лица поради марихуана

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден имале неколку интервенции и притоа привеле четири лица поради марихуана.

Најпрво на подрачјето на Карпош во 14.20 часот, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, во 14.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Полицијата во 21.45 часот во близина на спортски центар на подрачјето на Карпош, го лишила од слобода Т.Р.(24) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Додека последната интервенција е во 23.22 часот на паркинг кај спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.