Полицијата потврди кражба на 16 уметнички дела во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 00.53 часот во Полициската станица Центар, Р.П.(72) од Скопје пријавил дека во периодот од 16.00 часот на 25.06.2022 до 23.55 часот на 26.06.2022 во негова книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени шест уметнички слики.

- Исто така, денеска во 12.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во истата книжарница денеска повторно било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени уште 10 уметнички слики, информираат од полицијата. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.