Полицијата поради дрога апсеше во Центар, Аеродром, Кисела Вода и на Бит Пазар

Полициските службеници вчера имаа неколку акции на различни локации низ Скопје, при што беа уапсени осум лица.

Најпрво во 10.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 12.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Уште една акција имало во 13.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, кога полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Д.(40) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и сигнален пиштол.

Потоа во 15.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 16.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Нова акција се одвивала во 16.00 часот на подрачјето на Аеродром, кога полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 20.35 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Последниот случај е регистриран во 01.30 часот на подрачјето на Центар, кога полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(47) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.