
Вчеравечер, поточно во 20:30 часот во Оделот за внатрешни работи Прилеп било пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени.
Како што информира од полицијата, 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот.
Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на детето.