
Лишени од слобода возачи во Скопје, Куманово, Кичево, Велес, Кавадарци и Охрид кои управувале возила под дејство на алкохол.
Како што информираат од МВР, ноќеска (04.10.2025) во 01:05 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(41) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Г. и по преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта.
Ноќеска во 01:30 часот на улицата „Ѓорче Петров" во Куманово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.К.(26) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди" кое го управувал А.К. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.77 промили алкохол во крвта.
Утринава во 04:30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.Е.(38) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа, кај него констатирале 1,50 промили алкохол во крвта.
Лицата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.