Полицијата на терен - еве колку изнесува казната за непропуштање пешаци на пешачки премин

Полицијата е на терен. Се казнуваат и возачите, а и пешаците. 

Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот. 

Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.

На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во случај на потреба.

Предвидена е глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност.