
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.П.(28) од село Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, на 10.09.2025, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Струмица извршиле претрес на две локации каде живеел пријавениот.
При претресите биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, масло од хашиш, стебло канабис и семки од канабис.