
Ноќеска во 03:10 часот во село Житинени, општина Центар Жупа, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Б.О.(33) од селото Новак.
Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол кој нелегално го поседувал.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, посочија оттаму.