Полицијата казни 143 возачи во Скопје

На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, информира МВР.

Како што соопшти МВР, изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.