Полицијата ја изнесе Катица Јанева од дома

Полицијата ја изнесе специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во Козлe.

Во 14 часот ќе биде одржана прес-конференција во Јавното обвинителство во врска со предметот „Рекет“, каде што ќе бидат соопштени деталите.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска, и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.