Рано утрово при вонреден инспекциски надзор Инспекторатот на Град Скопје со своите комунални редари во координирана акција со надлежните инспектори од Општина Гази Баба и полицијата изврши контрола на диво поставените импровизирани тезги пред влезот на пазарот во Синѓелиќ и долж улицата и ги отстрани истите, кои правеа метеж и го попречуваа движењето на пешаците и велосипедистите.
Вредно е да напоменеме дека на целиот овој потег Град Скопје во соработка со ЈП Улици и патишта постави метални заштитни столбчиња.
Инспекторат на Град Скопје останува и понатаму на оваа локација и будно ќе ја следи состојбата како трајно би го решиле овој проблем.