Полицијата го пронајде малиот Михаил кој се бараше преку социјалните мрежи

Министерството за  внатрешни работи информираше дека во 17.05 часот е пронајдено детето за кое од неговата мајка претходно било пријавено дека се изгубило на подрачје на ПС Центар во Скопје.

Полицијата информираше детето веќе е предадено на родителите. 

Претходните на социјалните мрежи се прошири апел за пронаоѓање на малиот Михаил кој попладнево било изгубено во близина на Дебар Маало.