Полицијата го потврди инцидентот со малолетничката која се повредила при обид да избега

Малолетничка од Скопје, при обид да избега од Психијатриската болница при Комплекс клиники, паднала од височина и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар, потврдија за МИА од МВР.

Појаснуваат дека за овој случај денеска во 10.22 часот е пријавено во СВР Скопје.

Претходно, Скопје Инфо објави дека A.Ш. родена 2006 година денеска се фрлила од прозор од Клиниката за психијатрија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.