Полицијата фати познат криминалец, баран со потерница

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во с.Сарај е лишен од слобода А.Љ.(40) од с.Грчец, кој се барал по централна потерница во врска со чл.396 од Кривичниот законик. Според неофицијалните информации станува збор за познат криминалец, сторител на тешки кривични дела. 

На А.Љ. му е определена мерка притвор и спроведен е во Казнено-поправна установа „Затвор Скопје“, информираат од полицијата.