Полицијата фати криминалец кој украл возило во Скопје

Министерството за внатрешни работи, денес информираше дека на 14.01.2021, година во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Б.А.(21) од с.Ласкарци, општина Сарај, поради тоа што во 17.45. часот извршил тешка кражба во продажен објект во трговски центар.

Украдените предмети му биле одземени и вратени на сопственикот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“, се вели во соопштението од полицијата.