Полицијата фати бегалец од затвор, вратен е во Идризово

На 26.04.2023 околу 15.15 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 29-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше.

Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на затворска казна од една година и девет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.