Полицијата апсеше за пиротехника на повеќе локации.
- На 30.12.2024 во 12.30 часот на Градскиот пазар во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(51) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени околу 700 парчиња пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
- На 30.12.2024 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Р.(32) и Ф.М.(43), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.
- На 30.12.2024 на ул.„Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.М.(53) од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
- На 30.12.2024 на ул.„Македонска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Б.(36) и Г.М.(34), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.
- На 30.12.2024 во 19.30 часот во с.Матејче, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед кај В.О(20), при што биле пронајдени и одземени над 500 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.