Полицијата апсеше на Бит Пазар и во Карпош поради дрога

Полициските службеници имале акции на подрачје на Карпош и Бит Пазар, при што биле приведени три лица поради дрога.

Најпрво во 13.25 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(21) и В.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа на 14.03.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.