Полицијата апсеше дилери

На 21.07.2020 во 00.30 часот на ул.„Лазар Танев“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.О.(38) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.07.2020 во 00.50 часот на ул.„Сава Михајлов“, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.К.(29) од Скопје, бидејќи кај неа била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.