Полиција околу ГТЦ, пронајдени машини за копање криптовалути на див приклучок?

Во моментов во магацините на Градскиот трговски центар во тек е полициска акција на МВР. Според првичните неофицијални информации, станува збор за нелегален приклучок на струја.

Првичните информации се дека во магацинот имало приклучено десетини машини за копање на криптовалути, но на струја биле приклучени нелегално.

Се очекуваат повеќе информации во текот на вечерта.