Полиција извршила претрес во населба Аеродром - скопјанец уапсен

Скопјанец уапсен поради нелегално поседување на марихуана во својот дом во Аеродром

„Вчера, полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го привеле В.Ј.(40) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана“ соопшруваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.