Полицајци омаловажувани и нападнати во Шутка

Министерството за внатрешни работи информираше дека синоќа во скопската населба Шутка група непознати лица физички ги нападнале и омаловажувале полициските службеници. 

Вчера околу 20.00 часот на пазарот „Европа“ во насeлба Шуто Оризари, шест полициски службеници од Полициската станица Чаир преземале мерки и активности со цел нормално одвивање на сообраќајот околу пазарот, каде што имало организиран панаѓур, информираше МВР. 

При извршување на задачите биле омаловажувани од непознато лице кое управувало патничко возило со скопски регистарски ознаки. При обид да го легитимираат, лицето го стартувало возилото и во два наврати со предниот дел удрило во полициските службеници. После тоа, излегло од возилото и со група непознати лица физички ги нападнале полициските службеници.

Три лица се лишени од слобода и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.