Полицаец со „јети“ прегазил 75-годишен маж во Велес


На 12.09.2021 во 07.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник В.А.(25) од Велес, удрило во пешакот Д.Т.(75) од Велес.

Во незгодата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.