Полицаец се изживувал врз граѓанин на клиника во Скопје: „Ќе те влечам по улица“

Припадник на полицијата вчера на влезот на Клиничкиот центар во Скопје се изживувал врз поранешниот новинар на А1 и Коха, Фитим Криезуи, кој поради итен случај со неговата мајка сакал побрзо да помине низ рампата за да стигне до Клиниката за кардиологија, објави А1он.

 Криезиу за А1он раскажа дека полицаецот се изжуивувал и му се заканувал пред целото семејство, додека сите граѓани кои биле сведоци немо ја следеле ситуацијата.

 -Полицаецот ми се закануваше, викаше дека ќе ме влече по тротоарот по што тргна физички да ме нападне само заради тоа што јас инсистирав да поминам преку ред поради итниот случај кој го имав, вели Криезиу за А1он.

 Креизеу раскаал дека го замолил коректно полицаецот да го пушти побрзо и пред лицето кое било на ред, но полицаецот одбил и инсистирал Криезиу да се врати назад.

 -Додека се расправавме со полицаецот тој почна да го повишува тонот и повторно упати закани до мене. Првиот пат го замолив да не се однесува така затоа што иако е полицаец законот не му го дозволува тоа, вели Криезиу.

 Откако вербално го навредил полицаецот се обидел и физички да го нападне Криезиу, па после му се заканувал и со парична казна.

 -Откако ми се закани дека ќе ми напише казна, ми рече дека јас не смеам да му се противам, по што ме фати за раката и уште еднаш повтори дека ќе ме влече по улица. Тука настана голем проблем. Тоа што тој го направи не му доликува на еден припадник на полицијата, сведочи Криезиу.