Полицаец нападнат во Сопиште

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(37) од село Елово, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

-На 02.09.2018 година околу 17,20 часот во село Сопиште, скопско при преземање на мерки за контрола и преглед на патничко моторно возило „Даеву Есперо“, натоварено со огревни дрва, а управувано од пријавениот, тој физички го нападнал полицискиот службеник, информираат од МВР.