Полицаец бил нападнат додека носел пациент во психијатриската болница Бардовци

Околу 18.20 часот на улицата „Афузпашина“ во Скопје полициски службеник бил физички нападнат од 57-годишниот Ј.Н. од Скопје.

Полицаецот бил нападнат додека давал асистенција на Итна медицинска помош за негово пренесување во психијатриска болница Бардовци. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.