Полека учам да им кажам збогум на работите и луѓето кои не ми носат ништо добро

Не треба да постои простор во нашиот живот за негативни работи и луѓе. Можеби не сакаме да кажеме збогум, можеби не сме најдобри во збогувањето, но не треба да се држиме до нешто што не ни носи нишо добро. 

Време е да научиме да им кажеме збогум на луѓето кои ни го трошат времето и нè полнат со негативна енергија, за луѓето кои постојано нè повредуваат, за луѓето кои се себични, арогантни, лоши кон нас. Време да ги оставиме позади себе оние луѓе кои ни го кршат срцето постојано, 

Време е да го свртиме грбот на сите негативни перспективи и сето она што ни носи негативни мисли и чувства. Време е да заборавиме на сигурните работи кои нè држат во едно место и не ни дозволуваат да одиме напред. Време е за промени.

Време е за промени, за нов начин на живот, за позитивно размислување, време е конечно да се ставиме себеси на прво место, да не забораваме на себеси и време е да се насмевнеме. 

Време е да сфатиме дека сегашноста и иднината навистина зависат од нас, а не од другите луѓе околу нас.