Пола Скопје утре блокирано, протестираат семејствaта на осудените во „Монструм“

Утре со почеток во 13 часот ќе се одржи најавен јавен протест кој што  ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“,  Собрание на Република Северна Македонија на ул. „11-ти Октомври“ и Влада на Република Северна Македонија на бул. „Илинден“.

Министерството за внатрешни работи информира дека поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: - ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“,  ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“,  ул. ,,11-ти Октомври“,  ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“,  бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.