Пол Њумен имал најдобар одговор на тоа како останал верен на една жена цели 50 години

Бракот кој трае 50 години е вистински подвиг. Но, ако станува збор за холивудски брак, тогаш тоа е навистина чудно. Пол Њумен и Џоан Вудворд биле златната двојка на Холивуд. Тие биле многу среќни, а нивната приказна е чудесна во секоја смисла.

Се запознаваат во 1953 година за време на премиерата на „Пикник” на Бродвеј. Била ангажирана како замена за главната глумица, но веднаш му се допаднала. Но, имало еден проблем – тој бил женет.

Наредните 4 години не работеле на исти проекти, но останале добри пријатели. Потоа, Пол се разведува од својата сопруга во 1957 година, а по некаква случајност биле ангажирани на ист филм „Долго топло лето”. Страста која постоела претходно се вратила веднаш, а веќе на 29 јануари, 1958 година се венчале. Свадбата била организирана во еден хотел во Лас Вегас, но не била грандиозна и спектактуларна. Биле на меден месец во Лондон, а во Америка изградиле фармерска куќа во стилот на 18. век, што било многу нетипично за славни личности како нив. 

За време на својот заеднички живот, биле дел од многу заеднички проекти. Често зборувале за тоа дека имале проблеми во бракот бидејќи ги поврзува кариерата, но заедничката почит и обожавање биле тука за да им помогнат да преминат преку сите препреки. 

Во јануари 2008 година ја прославиле својата златна свадба, а ни тогаш не можеле да ги скријат насмевката и заљубеност. Но, во јуни истата година откриле лоша вест, со што на Пол му бил откриен рак на белите дробови. Тој потоа умира на 83 годишна возраст, во септември истата година. 

Кога претходно некогаш го прашале за тајната на нивниот долг и среќен брак тој рекол:

„Сè е во точни дози на страст и почит, како и трпение и нетрпение. Кога толку долго сте заедно, често си одите еден со друг на нерви, но љубовта и почитта се основата на сето тоа. “

Новинарите го прашале дали некогаш бил неверен кон својата сопруга, а тој со насмевка одговорил:

„ Зошто би се барал хамбургери кога дома имам бифтек?”

Убава и чудесно среќна до самиот крај, без оглед на нивната слава, оваа приказна се заснова на основните принципи кои нудат лекција за сите нас.