Покрај во европските држави, Македонците подобра егзистенција бараат и во Нов Зеланд и Австралија

Околу 40  илјади Македонци годишно мигрираат во земјите од Западна  Европа. 

Германија, Австрија, Италија Швајцарија  се државите во кои одат да работат. Дел од нив се враќаат, но бројка од 12 илјади работници годишно остануваат во овие земји.

- Најчесто се бараат градежни работници хотелиери, угостители, медицински пероснал и сите други професии кои ги нема на пазарот на трудот во Германија. Луѓето најчесто одат поради парите, прогресијата и љубопитноста,  рече Зоран Кочовски- агенција за посредување на работа во странство

Во следните три до пет години Германија ќе има потреба од 3 милиони работници. Поради слабото познавање на јазик македонските работници ќе добијат сериозна конкуренција од Украина. Интересот пак за работа на брод опаѓа со отворањето на пазарот  на Малта. Многу Македонци  одат да работат таму.

Во Европа најплатени се занаетчиите. Месечно можат да заработат и до 4000 евра. До 2000 евра се платите во индустријата. 80 отсто од луѓето кои заминуваат се мажи, 30 отсто жени. Најчесто одат од 19 до 20 години и од 40.  Повеќето се нискоквалификувани  и полуквалификуавни работници. Со високо образование и фамилијарно  заминуваат   во Австралија, Нов Зеланд и Канада.