Покрај казните и апелите на МВР возачите уште возат со голема брзина, еве колку возачи беа санкционирани само вчера

При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, спроведена во текот на вчерашниот ден, санкционирани се 204 возачи.

Како што соопшти денеска МВР, од вкупниот број на изречени санкции, од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 141 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 63 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.