Показатели дека вие сте силна личност и покрај чувствителноста

Солзите се знак на слабост – оваа голема предрасуда може да влијае на нашето емотивно и физичко здравје. 

Во денешниот свет често имаме потреба да покажеме дека сме цврсти како камен, дека ништо не може да нe’ потресе, ниту допре, делуваме супермоќно и гордо, а длабоко во душата патиме. Вистинската моќ на секој човек се крие во способноста да ја признае својата слабост, своите недостатоци и несовршености – да плаче кога му се плаче и да ја почувствува секоја емоција. 

Тоа што сте пречувствителни не значи дека сте слаби. Всушност вие сте многу посилни од оние кои само пред спиење ја симнуваат лажната насмевка од лице. 

Овие шест знаци покажуваат дека сте силна личност и покрај чувствителноста

Вие сте одличен слушател

Многу ваши пријатели сметаат дека вие сте одличен слушател и често сакаат да го слушнат вашето мислење и да добијат по некој совет. Тоа е затоа што пријателите пред вас не мораат да глумат, туку можат да бидат отворени и искрени. Создавате чувство на сигурност и човечка топлина. Прекрасно е човек да ве има во своја близина. 

Не ви е потребно одобрувањето од другите луѓе 

Сакате да живеете во апсолутен мир и хармонија. Верувате во себеси и не се трудите да ја покажете својата вредност пред другите луѓе. Не ви е потребно нивното одобрување. Важно е вие да бидете задоволни од својот живот. 

Не толерирате предрасуди

Секогаш ги сметате луѓето за еднакви, без оглед на расата, сексуалната ориентација или религијата. И не можете да толерирате луѓе кои мислат дека се над другите или секогаш во право. Се трудите да ги заштитите своите пријатели, сакани, семејство, колеги. Особено ако гледате дека другите се однесуваат неправедно кон нив. Не го правите тоа за да ве гледаат како херои, туку затоа што тоа е човечки. 

Опкружени сте со чесни и добри луѓе

Своите пријатели ги избирате внимателно затоа што знаете дека еден дел од среќата зависи од вашето опкружување. Ги негувате врските и напорно работите за да функционираат. За вас, многу е важно да создадете свој мал свет околу себе, исполнет со љубезни и чесни луѓе со кои имате заеднички поглед на животот. Она што не толерирате е отровност. Таквите луѓе немаат пристап до вашето срце. Фактот дека сте опкружени со добри луѓе не само што ви дава сила, туку и ви помага да бидете подобри.

Не очекувате премногу од другите луѓе

Важни ви се основните човечки карактеристики: чесност, воспитување и добрина. Вие не очекувате премногу од луѓето и не барате од нив да направат нешто за вас. На тој начин избегнувате разочарување и подготвени сте да се жртвувате за сами да ги направите работите. 

Искреноста е ваша сила

Не се плашите да им ја кажете вистината во лице на другите и да го објасните својот став. Ги носите сите одлуки на основа на своите уверувања и не ви е важно што мислат другите за тоа. Секогаш сте искрени. Ранливи сте, ама и храбри. Вашите чувства и подготвеност да ги прифатите се вашата најголема моќ.