Покана до верниците: Претстојниот викенд ќе се осветува храмот „Свети Константин и Елена“

Скопје добива ново светилиште, нов православен храм - нова надеж и голема искрена вера дека молитвите во него ќе бидат услишани! Црквата „Свети рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ на улица Македонија, во самото срце на Скопје официјално ќе биде осветена на 28 септември! 

По повод Осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цареви Константин и Елена – кој се наоѓа во срцето на градот Скопје – со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан, се наведува во поканата од Македонската православна црква.

Осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од нашата Света Црква, на 28 септември 2025 година, во 8:30 часот.