Покачувањето на даноците до крајот на годината - нов удар за граѓаните

Сиромаштијата во Македонија значително ќе се зголеми доколку се случи најавеното покачување на даноците до крајот на годината.

Според Граѓанското движење против осиромашување најавеното зголемување на даноците ќе предизвика трајни последици како за економијата така и за вработеноста и стандардот на граѓаните.

„Зголемените даноци значат сериозно загрозување на пред се помали фирми и претпријатија во Република Македонија кои ќе се доведат до работ на егзистенција. Ваквата ситуација може да предизвика евентуално даночна евазија, што ќе се одрази на ликвидноста на буџетот, од кој зависи изградбата и реконструкцијата на училишта, болници, градинки, патишта, водоводи и канализации“, велат од движењето.

Од граѓанското движење и со предупредување дека сопствениците на фирмите со цел да го задржат профитот може да ги намалуваат платите или да го намалуваат бројот на вработени во своите фирми

„Најавите за на Владата за ваков чекор доаѓаат без реална основа, анализа и проценка, а најмалку од се има издржана дебата, во која сите субјекти, експертите, работодавачите и синдикатите, но пре се граѓаните ќе може да го кажат своето мислење за вака сериозна тема. Штетите од неоправданото и неиздржаното зголемување на даноците повеќекратни и затоа ние стравуваме дека најлошо ќе се одразат на грбот на обичниот човек кој вредно работи а да обезбеди иднина за себе и за своите деца“, посочуваат од граѓанското движење.

Претходно и од ВМРО ДПМНЕ со предупредување дека зголемувањето на даноците само ќе го забрза крахот на економијата. Христијан Делев во гостување за Телевизија Нова истакна дека изминатите 100 дена Македонија доживеа економско фијаско со сите мерки и акции од новата Влада. Според него посебно најзагрижувачки е тоа што целиот градежен сектор или целата градежна оператива престана со работа или сите тие капитални проекти се заглавени.