Покачен притисок причина за интервенцијата на Брзата помош во Влада

Брзата помош денеска интервенираше во Владата на Република Македонија, откако на вработена и се слошило. Портпаротот Миле Бошњаковски за „Република“ вели дека службеничката имала проблем со покачениот притисок, по што била повикана помош.

Состојбата на вработената е стабилна и таа со возило на Итната служба е пренесена во градската болница „8ми Септември“.