
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски попладнево информираше дека службите на Општина Центар веднаш излегле на терен по пријави од граѓаните за појава на глодари oколу напуштениот објект зад катната гаража во Буњаковец.
„Просторот се расчистува и се спроведува дератизација за да се спречи нивно размножување и ризик од зарази. Утре ќе продолжиме со чистење и дератизација на објектите зад училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“, вели Герасимовски.
Тој воедно ги повикуа граѓаните редовно да пријавуваат вакви случаи за навремено да се преземаат мерки.