Појадокот кој ќе ви помогне да ги намалите килограмите

Еден збор :  протеин.

Повеќе истражувања покажуваат дека високо-протеинскиот појадок, како јајца и сланина е најдобар за започнување на денот.

Едно од неодамнешните истражувања,објавено во Американскиот дневник за исхрана покажува дека луѓето кои наутро конзумираат високо протеински појадок во текот на денот конзумираат помалку мрсна храна и храна која е богата со шеќери.

Друго истражување пак покажува дека оние кои конзумираат ваков појадок имаат поголема контрола врз нивоата на глукоза и инсулин и се соочуваат со помал апетит во текот на денот, што го намалува ризикот од развивање на дијабетес. Др. Мајк Расел  -советник за исхрана во списанието Men’s Health препорачува 30гр. Протеин за појадок со храна како јајца, јогурт или смуди.