Поинаков осми март во општина Бутел

Во административната зграда на Општина Бутел со почеток во 8 часот ќе се одржи целодневната манифестација: ,,Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми март”.

Градоначалникот Велимир Смилевски во партнерство со невладината организација АЛ-МА од Скопје реши оваа година празникот на жената 8-ми март да биде прославен на поинаков начин. Целта е да се зголеми свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството.

Имено, од страна на доктори специјалисти ќе бидат прегледани над 200 жени (од администрацијата и други жителки од општината). На жените ќе им бидат направени тумор маркери, физичко прегледување на градите, проверка на шеќер и маснотии во крвта.

Исто така, ќе биде одржано и предавање за самопреглед на жените, за неопходноста од редовното правење на ЕХО прегледите, мамографските прегледи на дојка, ПАП тестовите и друго.