Поголема транспарентност и информираност со пренос во живо на седниците на Советот на Град Скопје

На наредната седница, која што ќе се одржи во четврток Советот на Град Скопје ќе одлучува за набавка на техничка опрема за реализација на видео пренос на седниците на Советот на Град Скопје во живо, информираше денес Градот Скопје.

Со ова ќе започне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми информираноста на граѓаните за работата на ова тело, како и за зголемување на транспарентноста во работењето на Град Скопје, се вели во соопштението од градот.

 Преносите би се реализирале на официјалната веб - страница на Град Скопје, како и на официјалните страници, канали и профили на Град Скопје на социјалните Интернет мрежи и медиуми.