
При претреси во Гостивар пронајдени биле дрога, оружје и муниција.
Од МВР информираат дека вчера во 18:30 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(39) од Гостивар.

При претреси во неговиот дом и помошни простории на улицата „Балиндолска“ и во негов стан на улицата „Илинденска“, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени биле 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња муниција од различен калибар, еден сигнален пиштол, патрони за ловечка пушка и една воздушна пушка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик, додаваат од МВР.