
Синоќа во 23.45 часот, во автокамп на брегот на Охридското езеро во Охрид, лишен од слобода бил Л.Д.(44) од Скопје.
Од МВР информираат дека при претрес извршен по судска наредба во камп приколка која тој ја користел, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронашле и одзеделе една најлонска кеса, една пластична кутија со опојна дрога марихуана како и предмети со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, посочија оттаму.